Деновиве низ нашиот главен град се движеше вистинска егзотика – McLaren MP4-12C – а ние имавме ексклузивен пристап до несекојдневниот автомобил и направивме одлична фото-галерија!
Зад возачката кабина стои 3.8-литарски твин-турбо V8 бензинец кој испорачува 600 коњски сили и 601 Nm вртежен момент, пристигнува „во црвено“ на 8600 вртежи во минута, а моќта ја испорачува кон задните тркала преку 7-степен менувач со двојна спојка. Автомобилот е вистинска егзотика и нуди перформанси и звук од кои застанува здивот, и ни беше особена чест малку да се дружиме со еден ваков несекојдневен примерок.
Thanks David, for letting us poke & prod around your car!
Фотографија: Дејан Маликовски