full screen background image
Search

BMW претстави прототипови на i8 и 5-Series GT кои користат водородна горивна ќелија!

Баварскиот производител претстави прототипови на i8 и 5-Series GT кои користат водород како гориво!

BMW продолжува да истражува потенцијални алтернативни горива, а денес претставија неколку интересни концепти и прототипови. Баварскиот производител ќе се концентрира на плановите до 2020-та година на пазарот да понуди возило кое користи водородна горивна ќелија, па денес го најави и технолошкото партнерство со Toyota кое би требало да го забрза процесот.

Претставени се два прототипови кои ја користат оваа технологија. Едниот прототип е базиран на електричниот i8, а другиот е базиран на 5 Series GТ. Сега за сега нема никакви детали за i8 прототипот, но затоа BMW објави дека прототипот базиран на 5-Series GT e придвижуван од електромотор кој испорачува 245 коњки сили. Водородот се складира во резервоар поставен меѓу предната и задната оска. Автомобилот има автономија од преку 500 илометри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.