full screen background image
Search

Први официјални фотографии од новиот Mini Clubman

Се појавија првите официјални фотографии од втората генерација на Mini Clubman – малиот градски караван на Mini со шест врати!

За оние кои го сакаат шармот на Mini, но истовремено бараат повеќе практичност и флексибилност – тука е Mini Clubman. Урбаниот караван има шест врати со кои нуди практичност и малку несекојдневност.

Mini Clubman ја дели платформата со новата генерација Mini, но и со BMW 2 Series Active Tourer. Соодветно на тоа, можеме да ги очекуваме истите бензински и дизел мотори кои се вградуваат во овие автомобили. Почнуваат да се јавуваат гласини за хибридна или електрична изведба, но ако воопшто се појави, би се појавила за најмалку 2-3 години.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.