Chevrolet го претстави новото Camaro Convertible! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Chevrolet го претстави новото Camaro Convertible!

Отворената верзија на Camaro ќе се најде кај дилерите на почетокот на следната година, а би требало да ги носи истите мотори како и верзијата со тврд покрив.

За кабрио верзијата, цврстиот покрив е заменет со преклоплив платнен кров поставен врз електро-хидраулична конструкција. Кровот има акустична и термална изолација и може да се отвори и преку клучот кога возачот не е во автомобилот, а може да се отвори и кога автомобилот е во движење, односно до брзини од 48 километри на час.

Како и купето, и кабриолетот е значително ослабен во однос на претходникот – односно најмалку 91 килограм. Според Al Oppenheuiser, главниот инженер на Camaro, автомобилот уште од самиот почеток бил проектиран да издржи кабрио варијанта.

GM не објавува детали околу моторите, но можеме да претпоставиме дека ќе ги носи истите мотори кои ги носи и купето – 275-коњскиот турбо-бензинец со 2 литри и 4 цилиндри, 335-коњскиот 3.6-литарски V6, како и големиот 6.2 литарски V8 кој нуди 455 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.