full screen background image
Search

Formula 1: Rosberg го победи Hamilton, стигна до победа во Австрија!

Lewis Hamilton ја започна трката од водечката позиција, но неговиот тимски колега Nico Rosberg го презема водството уште на првиот свиок и херојски ги издржа притисоците до самиот крај!

Светскиот шампион беше дополнително казнет со 5 секунди екстра време за прегазување на белата линија при излегување од питстоп, но заврши 3.8 секунди зад Rosberg, а на третото место заврши пресреќниот Felipe Massa, за кого ова беше прв подиумски финиш оваа сезона.

Edifice-baner-600

Rosberg го искористи невниманието на Hamilton на самиот почеток и уште на првиот свиок го презема водството кое накратко го предаваше само при влегувањата во бокс. Hamilton притискаше за време на целата трка, но сепак – ова беше ден на Rosberg, а тој беше незапирлив. Болидите на Mercedes беа неприкосновени – Sebastian Vettel се обиде, но не успеа да заврши на подиумот и мораше да се задоволи со четвртата позиција, зад Williams-от на Felipe Massa.

Ferrari го изгуби вториот болид во несреќа на првата етапа – Kimi Raikkonen и неговиот болид дојдоа во контакт со болидот на Fernando Alonso. Сударот изгледаше страшно, но ниту еден од возачите не беше повреден.

Valtteri Botas заврши на петтото место, додека зад него заврши Pastor Maldonado кој имаше силна борба со Max Verstappen. На осмото место заврши Daniel Ricciardo, зад него заврши Sergio Perez, a на 10-тата позиција заврши Felipe Nasr.

Hamilton води во генералниот пласман, но со само 10 поени предност пред Rosberg – Hamilton има 169 поени, Rosberg има 159, а Vettel 120. Кај конструкторите убедливо води Mercedes со 328 поени, пред Ferrari со 192 и Williams со 129.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.