Следниот Peugeot 508 доаѓа во 2017, ќе има технологија за автономно возење! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Следниот Peugeot 508 доаѓа во 2017, ќе има технологија за автономно возење!

Веќе знаеме дека Peugeot подготвува нов знаменосец, но неодамна од компанијата излезе официјална конфирмација дека следната генерација на 508 ќе има технологија за автономно возење.

Според претседателот на PSA Peugeot Citroën – Карлос Таварес – следната генерација на Peugeot 508 ќе нуди технологија за делумно-автономно возење, а понатаму иднината на брендот ќе вклучува целосно автономни возила. Според еден претставник на PSA, следната генерација на 508 ќе има систем за автономно управување и паркирање во услови на градски метеж, како и на отворен пат и при паркирање.

Сега за сега не знаеме ништо повеќе за 508, освен гласините дека можеби тековниот модел ќе биде заменет со два различни автомобили – еден подинамичен, еден покомфорен. Секако, според Maxime Picat – претседателот на Peugeot – оваа одлука зависи од условите и барањата на пазарот.

Ние неодамна го возевме најновиот 508 и останавме со позитивни импресии од големиот француски седан.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.