full screen background image
Search

Ford го претстави сериското Mondeo Vignale!

Синиот Овал ја претстави сериската верзија на Mondeo Vignale – знаменосецот на моделот Mondeo, но и најавата за новата премиум Vignale серија на Ford!

Mondeo Vignale ќе  може да се добие и како седан, и како караван, а на автомобилот веднаш се забележуваат полуксузни детали, како и беспрекорно изработен ентериер. Интересна е и Vignale Nocciola металик бојата и специјалните дизајни на тркалата, резервирани ексклузивно за Vignale. Vignale ќе го препознаете по изменета предна маска на ладилникот, сјајна долна маска со хромирани детали, како и хромирани детали на вратите. Уникатни се и 18-инчните тркала. Во внатрешноста ќе добиете специјално изработен Vignale ентериер обвиен во кожа.

Луксузниот Mondeo Vignale ќе нуди нови иновативни технологии – тука се Pre-Collision Assist со детекција на пешаци, Active Noice Cancellation, Active Park Assist со Паралелно Паркирање, препознавање на сообраќајни знаци, Active City Stop, Sync 2 системот за забава и навигација, и уште многу други новитети. Mondeo Vignale ќе се нуди само со најмоќните мотори во понудата на Mondeo – 210-коњскиот би-турбодизел и 180 коњскиот турбодизел, како и 2-литарскиот EcoBoost со 203 или 240 коњски сили, како и 187-коњскиот хибрид. Кај Mondeo Vignale своето деби ќе го има и Intelligent All-Wheel Drive (iAWD) системот за погон на сите четири тркала.

Интересно е што Ford нуди целосно ново и персонализирано корисничко искуство со Vignale, па купувачите ќе добијат специјален Vignale контакт за врски со корисниците, како и 24-часовна бесплатна поддршка од Vignale One Call сервисот.

Погледнете ги видеата кои Ford ги објави за Mondeo Vignale за подобро да го разберете процесот и размислувањето позади премиум огранокот на Ford!

Поврзано:   ИНТЕРВЈУ: Михаил Терпини, Ми-Да Гранд Моторс - Работењето со глобални брендови носи бенефити, но и голема одговорност!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.