full screen background image
Search

Volkswagen го објави виртуелниот GTI Supersport Vision Gran Turismo

Оние кои ја играат Gran Turismo 6 на Playstation конзолите имаат нов автомобил за возење – несекојдневниот и екстремен Volkswagen GTI Supersport Gran Turismo!

Достапен само во виртуелна форма, GTI Supersport Vision Gran Turismo под поклопецот крие 506-коњски VR6 TSI мотор кој преку седум-степен DSG менувач ја пренесува силата кон 4Motion системот за погон на сите четири тркала. Според инженерите, 100 километри на час се постигнуваат за само 3.6 секунди, а максималната брзина е „преку 300 километри на час.“

Имате Gran Turismo 6? Уживајте во GTI Supersport!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.