full screen background image
Search

Shelby Baja 700 – Ford SVT Raptor со 700 коњски сили!

Иако се популарни во Америка, пикап камионетите не се особено популарни во Европа – но ние со задоволство би возеле Shelby Baja 700!

Shelby ќе понуди само 50 примероци од Baja700 со 700 коњски сили. Силата доаѓа од голем Whipple компресор кој е поставен на моторот, новите инјектори и уште неколку додатоци. За звукот е задолжен уникатен Borla издувен систем, а за теренските способности тука се целосно преработената суспензија и новите off-road гуми.

Цената на Baja 700 е 45.000 долари, но во таа цена не е вклучена цената за Ford SVT Raptor, кој чини од 45.000 долари во Америка. Сепак, на крајот се добива навистина монструозен и забавен автомобил!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.