full screen background image
Search

KIA Novo – Најава за идните компакти на корејскиот бренд

Концептот Novo на KIA го имаше своето деби на саемот на автомобили во Сеул, во Јужна Кореја!

Концептот е дизајниран во дизајн-центарот на KIA во Namyang, Јужна Кореа, и ја користи платформата од Kia Forte. Самиот факт што концептот е поставен на платформа од постоечки модел зборува многу за неговата иднина и важност. Според KIA, концептот е замислен да биде купе со пет врати, и ентериер кој е фокусиран кон возачот. Дополнително, не кријат дека концептот го најавува дизајнерскиот јазик за следната генерација на компактни автомобили на брендот.

Дизајнот е модерен и привлечен, со нагласен агресивен и спортски лик. Во ентериерот е забележува кабината која е ориентирана кон возачот. Тродимензионален холограм ги покажува најважните информации директно на возачот, а панел чувствителен на допир кој препознава отпечатоци на прсти поставен веднаш до управувачот овозможува контролирање на најважните функции без погледот да биде тргнат од патот.

Novo е придвижуван од 1.6-литарски T-GDI турбо-бензинец кој е во комбинација со нов седум-брзински DCT менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.