Mercedes-Benz C-Class е светски автомобил на годината за 2015! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz C-Class е светски автомобил на годината за 2015!

Наградените во изборот за Светски Автомобил на Годината за 2015 беа прогласени во Њу Јорк, а главната награда му припадна токму на Mercedes-Benz C-Class!

Изборот започна со 24 можни кандидати, кои подоцна беа скратени на три, за во финалето да се најдат Volkswagen Passat, Ford Mustang и Mercedes-Benz C-Class. Жирито го одбра токму најновиот седан на Mercedes-Benz, за кој кажаа дека „нуди ниво на рафинираност, луксуз, безбедност, комфор и управливост кое ги предизвикува најдобрите во класата“ – а секако, сето ова се должи на одличната нова платформа, моторизацијата и технолошките детали преземени од големата S-Class.

mercedes-amg-gt

Покрај главната награда, Mercedes-Benz зема награди во уште две категории – за најдобро луксузно возило за 2015 е избрана токму S-Class, а за најдобро спортско возило во 2015 избран Mercedes-AMG GT.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.