full screen background image
Search

Mitsubishi полека но сигурно го открива новиот Outlander!

Јапонскиот производител започнува да ја разоткрива освежената верзија на популарниот Outlander!

Outlander се подготвува да го добие својот прв посериозен фејслифт. Луѓето од Mitsubishi најавуваат преку 100 подобрувања кај својот популарен SUV, а особено ги истакнуваат подобрувањата кај рафинираноста и звучната изолација, како и подобро управување и подобра реакција на педалата за гас. Сите детали ќе бидат објавени наскоро – на саемот на автомобили во Њу Јорк.

mitsubishi-outlander-teaser-rear

Во меѓувреме, Mitsubishi ни понудит две тизер фотографии преку кои можеме да ги видиме контурите на новиот автомобил, а повеќе од очигледно е дека освежениот Outlander влече инспирација од интересниот Outlander PHEV Concept S. Сепак, останува да почекаме уште неколку дена до официјалната премиера.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.