full screen background image
Search

Mercedes-Maybach S600 Pullman – Сосема поинаков луксуз!

Она што AMG е за перформансите, Maybach ќе биде за врвниот луксуз на Mercedes-Benz. Со новиот S600 Pullman, Mercedes-Maybach настапува на (навистина) голема врата меѓу луксузните автомобили.

Ова е голем автомобил. Без никакво шегување, ова е навистина голем автомобил. Долг цели 6.5 метри (односно 6499 милиметри) со продолжено меѓускино растојание од 4418 милиметри, ова е голем и комфорен автомобил. Задолжен за задвижување на овој монструм е 6-литарски твин-турбо V12 кој испорачува 530 коњски сили и 830 Nm вртежен момент. Перформансите? Апсолутно неважни.

Она што е важно е ентериерот и просторот кој се нуди во S600 Pullman – на задните седишта можат да се сместат четири патници кои се завртени еден кон друг и да патуваат во максимален комфор. Целиот заден дел на ентериерот е обложен со кожа, а Pullman нуди ниво на персоналиација кое не можат конкурентите да го понудат.  Според челниците на Mercedes-Maybach,  S600 Pullman е „олицетворение на ексклузивноста на највисоко можно ниво.“

За оние кои ќе започнат да размислуваат за S600 Pullman – цените започнуваат од  500.000 евра – за неблиндираните возила, секако.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.