Конечно, европскиот Honda Jazz! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Конечно, европскиот Honda Jazz!

По многуте претставувања во Соединетите Американски Држави, како и на домашниот, јапонски пазар, компактниот и практичен Jazz на Honda ќе ја има својата европска премиера!

Третата генерација на Jazz ќе започне да се продава во Европа ова лето, а на почетокот ќе се нуди само со 1.3-литарски VTEC бензинец кој нуди 102 коњски сили на 6000 вртежи, а ќе може да се искомбинира со шест-степен мануелен менувач или пак полуавтоматски CVT менувач. Понатаму ќе се нуди и хибридна верзија која ќе комбинира 1.5-литарски бензинец со електромотор и вкупно ќе нуди 130 коњски сили.

Jazz ја дели основата со новиот HR-V, и новата генерација е цели 95 милиметри подолга од претходната – автомобилот е долг 3915 милимтери и има меѓуоскино растојание од 2530 милиметри. Патниците ќе имаат на располагање багажен простор од 354 литри, односно 884 литри ако се спуштат задните Honda Magic Seats седишта.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.