full screen background image
Search

Визија за караван на иднината – Audi Prologue Avant Concept

Концептот кој Audi ќе го прикаже во Женева следната седмица сугерира како би можел да изгледа некој иден луксузен караван на брендот во иднина!

Базиран врз Prologue концептот кој го задржа вниманието во Лос Анџелес, Prologue Avant ги заматува линиите меѓу хечбек и караван, и сугерира голем и моќен луксузен автомобил. Концептот е долг 5110 милиметри, широк 1970 милиметри и висок само 1400 милиметри – ова е навистина голем автомобил! Меѓуоскиното растојание го дели со Prologue концептот и тоа изнесува 2990 милиметри.

Интересното е што Audi продолжува да комбинира различни мотори за своите концепти. Prologue концептот прикажан во Los Angeles беше придвижуван од 4-литарски турбо V8 бензинец кој испорачуваше 605 коњски сили, а втората верзија која беше прикажана имаше 677 коњски сили благодарение на истиот бензинец, но и хибриден погон. Новиот, Prologue Avant го позајмува хибридниот погон од големиот Q7.

Оваа комбинација вклучува 3-литарски турбодизел кој соработува со електромотор и нуди системска моќност од вкупно 455 коњски сили – моќност која му дозволува на Prologue Avant да забрза до 100 километри на час за 5.1 секунда, а според NEDC стандардите троши само 1.6 литри дизел на 100 изминати километри. Според Audi, литиумската батерија дозволува автономија на струја од 54 километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.