full screen background image
Search

Kia SPORTSPACE Concept – Динамичен и стилски караван!

По неколкуте најави, KIA официјално го претстави динамичниот SPORTSPACE Концепт кој своето официјално деби ќе го има на саемот на автомобили во Женева!

SPORTSPACE концептот е своевидна најава за следната генерација на KIA Optima, која за прв пат ќе се понуди и во караванска изведба. Според најавите, SPORTSPACE ќе понуди „стилски и возбудлив транспорт за четврорица.“ Сериската верзија сигурно нема да изгледа волку драматично, но судејќи по тековните дизајни на автомобилите на KIA кои се потпишани од Peter Schreyer, можеме да очекуваме привлечен, динамичен и модерен дизајн кој нема никого да остави рамнодушен.

Во внатрешноста гледаме голем мултимедијален уред со дисплеј чувствителен на допир, едноделни седишта обвиени во кожа, панорамски кров и многу интересни и привлечни детали. Сега за сега нема информации за димензиите на концептот, ниту пак за моторот кој ќе го придвижува, но сигурно ќе имаме повеќе информации на 3ти Март, за кога е закажано официјалното деби.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.