Прва фотографија од ентериерот на новиот Škoda Superb! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Прва фотографија од ентериерот на новиот Škoda Superb!

Чешкиот производител полека но сигурно почнува да го открива новиот Superb, а првиот конкретен дел кој ќе го видиме е ентериерот на новиот знаменосец на Škoda!

Škoda започнува да го открива новиот Superb, а со првата официјална фотографија ни го претставува ентериерот на големиот седан. Според она што го изјавуваат – новиот Superb комбинира просторност, функционалност и дизајн на уникатен начин – а неизбежно го спомнуваат и VisionC концептот кој според познавачите е одличен индикатор за она што можеме да го очекуваме кога Superb и официјално ќе биде претставен.

Она што го гледаме на првата фотографија е она што купувачите на најопремената Laurin & Klement изведба ќе го добијат. Лесно препознаваме контроли кои веќе ги знаеме од другите модели на Volkswagen групацијата – но сепак можеме да очекуваме опременост и просторност како кај новиот Passat.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.