Новата Opel Corsa треба наскоро да стигне и кај нас, а во гамата се истакнува верзијата со 1.3-литарски CDTI и Easytronic менувач која ветува екстремно ниска потрошувачка!
Најголемата заслуга за ниската потрошувачка им припаѓа на економичниот 1.3-литарски CDTI турбодизел и Easytronic 3.0 менувачот. Малата Corsa доаѓа со мотор кој испорачува 95 коњски сили, а стандардно доаѓа со Start/Stop технологија, систем за рекуперација на енергијата при кочење, како и гуми со низок отпор на вртење. Преработениот мотор нуди 95 коњски сили и одлични 190 Nm вртежен момент достапни од 1750 до 2500 вртежи во минута.
Новиот, 5-степен Easytronic 3.0 менувач е со намалена тежина и има намалено внатрешно триење, а истовремено ги комбинира предностите на комфорот кој го нуди автоматскиот менувач, но и економичноста која доаѓа со мануелен менувач. Easytronic 3.0 автоматски го селектира најефикасниот степен на пренос, а одлуката ја прави врз основа на оптимизациите кои се правени за помали возила, и соодветно на тоа нуди економично возење.