Peugeot ги објави сите детали околу новиот 308 GT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot ги објави сите детали околу новиот 308 GT!

Францускиот производител објави нови фотографии, но и сите детали за новата, спортска верзија на популарниот хечбек 308!

Луѓето од Peugeot објаснуваат дека 308 GT – кој ќе се нуди како хечбек и како караван – нуди „доминантен стајлинг, извонредни мотори кои се ориентирани кон перформансите и уникатни модификации на шасијата“, а резултатот е „извонредно искуство на патот кое ќе ги задоволи најентузијастичките возачи!“

Автомобилот е 7 милиметри поблиску до подлогата напред, и 10 милиметри назад, а изменетата суспензија е одличен партнер на 1.6-литарскиот турбо-бензинец со 202 коњски сили и 285 Nm вртежен момент, или пак 2-литарскиот BlueHDI турбодизел кој нуди 178 к оњски сили и 400 Nm вртежен момент од 2000 вртежи во минута. Бензинецот ќе се нуди со 6-степен мануелен менувач, додека дизелот ќе доаѓа со 6-степен автоматски менувач.

На бензинецот му се потребни 7.5 секунди да постигне 100 километри на час, додека на дизелот му се потреби 8.4 секунди. Караванот ќе се нуди само со турбодизелот, и на оваа варијанта и се потребни 8.6 секунди до 100 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.