full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Забрзувањето на MTM Audi S8 Talladega

Пред неколку дена ви го покажавме über-седанот на MTM кој има на располагање цели 760 коњски сили – а утрово ќе го започнеме со видео од забрзувањето на овој моќен автомобил од 0 до 280 километри на час!

Како што веќе пишувавме, MTM S8 Talladega има на располагање 760 коњски сили, извлечени од 4-литарскиот твин-турбо V8 бензинец. Ќе бидат произведени само 25 примероци и секој ќе чини околу 190.000 евра. Цената изгледа сосем прифатлива, со оглед на комфорот и луксузот кои се достапни. За перформансите.. Погледнете го видеото!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.