full screen background image
Search

Германски монструм: Mercedes-Benz G63 AMG со 544 коњски сили пристигна во Скопје!

Ретки се оние вистински храбрите – ние можеме само да му честитаме на новиот сопственик за одличниот избор – монструозниот G63 AMG со 5.5-литарски битурбо V8 и 544 коњски сили!

Несекојдневен автомобил пристигна во Скопје – големиот и моќен G63 на Mercedes-AMG! Под поклопецот на моторот се крие рачно склопен и потпишан 5.5-литарски V8 битурбо бензинец кој испорачува 544 коњски сили и 760 Nm вртежен момент! Овој ретро-големец забрзува до 100 километри на час за 5.4 секунди и постигнува електронски ограничена максимална брзина од 210 километри на час.

Навистина нема потреба многу повеќе да зборуваме. Горди сме и среќни што еден ваков автомобил ќе се тркала  и по нашите улици!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.