full screen background image
Search

Новиот Volkswagen Passat претставен во Македонија!

Новата, осма генерација на Volkswagen Passat пред само неколку часа беше официјално претставен и во Македонија!


Новиот Passat е поставен врз MQB платформата на Volkswagen и покрај намалената тежина (за околу 80 килограми) носи и многу нови технолошки новитети. Еден од најинтересните нови детали е токму новиот 2-литарски BiTDI турбодизел мотор кој нуди 240 коњски сили!

Новиот Passat ќе се нуди со грст бензински и дизел мотори, а во понудата ќе се најде и хибридна верзија. Цената за основниот модел, опремен со 1.4 TSI мотор со BlueMotion технологија и деактивација на цилиндри е 26.000 евра, додека знаменосецот опремен со 2.0 BiTDI во Highline ниво на опременост ќе чиниод 43.500 евра. Секако, можностите за конфигурација се скоро бескрајни, со оглед на многуте системи и технологии кои можете да одберете да ги добиете во вашиот Passat. Како најважни ги истакнуваме новите LED предни светла, адаптивниот темпомат и дигиталниот дисплеј за возачот кој е навистина импресивен.

Наскоро ќе ја имаме можоста да го возиме новиот Passat па нашите импресии ќе ги пренесеме во целост. Во меѓувреме, погледнете неколку фотографии од денешната презентација.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.