full screen background image
Search

Дискретно освежување за Mazda 6 и CX-5

Јапонскиот производител ги објави деталите околу дискретното освежување наменето за популарните Mazda 6 и CX-5.

Од она што го знаеме, практиката на Mazda ќе биде да прави редовни мали зафатина своите автомобили за да ги одржи во тек со новите технолошки достигнувања, но и новите побарувања на купувачите. Измените кај Mazda 6 се дискретни и вклучуваат нова предна маска на ладилникот, мала измена во дизајнот на предните крила, нови LED предни и задни светла и неколку нови ситни детали, како и нови бои.

Во ентериерот се забележува малку редизајниран панел со инструменти и изменета конзола. Се забележува и новиот Mazda Connect систем за поврзување со мобилни уреди кој користи 7-инчен дисплеј поставен над централната конзола, а од сега Mazda 6 ќе се нуди со електрична рачна кочница.

Слична е приказната и кај CX-5 – новата маска на ладилникот пренесува дизајн кој похрабар, а автомобилот ќе добие и нови предни и задни светлосни групи. Ќе се нудат и нови бои. Во ентериерот исто така нема многу измени, но поработено е на намалување на буката и вибрациите кои според Mazda се намалени за околу 10 проценти.

Нам Mazda 6 и CX-5 не ни се непознати автомобили – веќе ги возевме како големиот седан, така и одличниот SUV на Мазда.

Mazda 6

Mazda CX-5



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.