По неодамнешната најава, големиот RS7 Piloted Driving Concept на Audi заврте целосен круг околу Hockenheim без возач зад воланот!
Технологијата за возила без возачи веќе почнува да станува дел од секојдневието на некои места, но инженерите од Audi отидоа чекор понатаму и со нивниот RS7 Piloted Driving Concept завртеа круг на Hockenheim тркачката патека при „тркачки брзини“ без да има возач позади воланот. На автомобилот му беа потребни околу 2 минути да направи круг околу тркачката патека, а информациите и ориентацијата на патеката беа обезбедени преку специјално обработени GPS сигнали кои му беа испраќани на автомобилот преки WiFi конекција.
Покрај GPS инструкциите, автомобилот беше опремен и со 3D камери кои ја снимаа патеката и заедно со постоечкиот компјутер на автомобилот споредуваа информации за патеката со постоечки податоци за да автомобилот да ги има најдобрите можни информации во моментот кога се потребни. Според Audi, овој тест е само еден од серијата успешни експерименти кои започнале пред 10 годин, а за овој проект тие работат заедно со Stanford универзитетот, како и Electronics Research Laboratory дивизијата на Volkswagen.
Нам особено ни се допаѓа одлуката да го изведат ова со моќниот RS7 кој има на располагање 570 коњски сили. Кога е бал, нека е маскенбал.