Хибридниот Porsche 918 Spyder е скоро распродаден! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Хибридниот Porsche 918 Spyder е скоро распродаден!

Иако од хибридниот хипер-автомобил се испорачани само околу 30 примероци, сепак скоро сите 918 примероци кои ќе бидат произведени се веќе распродадени!

Ова е навистина импресно, ако земеме во предвид дека автомобилот има почетна цена од околу 770.000 евра, и дека за воопшто да бидете ставени на листата на чекање треба да подготвите депозит од околу 200.000 евра! Од Porsche изјавија дека сите модели кои треба да бидат произведени до Март и Април следната година се веќе продадени, а производството целосно ќе заврши во Јули следната година.

Дополнително, од Porsche кажуваат дека Соединетите Американски Држави се најголемиот пазар кога станува збор за 918, а компанијата привлекуваше потенцијални купувачи преку директно контактирање и покани за ексклузивни настани. Како што веќе споменавме, од потенцијалните купувачи се очекуваше да подготват депозит од околу 200.000 евра доколку сакаат еден примерок од овој несекојдневен автомобил!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.