full screen background image
Search

Vorsteiner подготвува тјунирана верзија на Lamborghini Huracan

Тјунерската куќа Vorsteiner подготвува своја визија за тоа како би требало да изгледа суптилно доработениот Huracan на Lamborghini!

Иако Huracan е прилично нов модел, сепак почнаа да се појавуваат тјунираните верзии на овој италијански суперавтомобил. Еден од првите тјунери кои решија да се позанимаваат со изгледот на Huracan се токму луѓето од Vorsteiner. Тие ја најавуваат својата верзија која ќе се вика VR1, а сега за сега ни понудија само една фотографија од тоа како ќе изгледа финалниот производ.

vorsteiner-huracan-wheels

Она што сепак решија да ни го покажат се новите тркала кои ќе бидат дел од пакетот. Тркалата се од ограничена серија, поточно Special Edition VSE-003, и доаѓаат во застрашувачки големи димензии – предните тркала се во димензии 20х8.5, додека задните се 21х12. Обвиени се во Pirelli P Zero пневматици со димензии 245/30/20 напред и 325/25/21 позади.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.