Captur Signature на врвот на понудата на малиот кросовер на Renault! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Captur Signature на врвот на понудата на малиот кросовер на Renault!

Renault Captur, автомобилот кој воедно е и SUV на годината во Македонија ќе добие специјална Signature серија која ќе биде на врвот на понудата на овој модел.

Иако првенствено е наменет за пазарот во Обединетото Кралство, сепак има најави дека Renault ќе го ја понуди оваа верзија и во останатиот дел на Европа. Signature серијата е поставена над највисокото ниво на опрема кое се вика Dinamique S MediaNav и носи дополнителна опрема и опции.

Надворешноста е препознатлива преку двобојната комбинација, како и 17-инчните фелни со црни детали, но и хромираните детали на страничните прагови, поклопецот на багажниот простор, предната решетка и светлата за магла.

Во ентериерот се издвојуваат деталите од кожа, уникатните штитници на праговите какои патосниците, но и Red Touch пакетот кој додава дополнителни црвени детали на централната конзола, звучниците и отворите за воздух, како и R-Link аудио-системот со 7-инчен екран чувствителен на допир, USB функционалност и подобрени звучници со 3D Sound систем.

Купувачите ќе можат да изберат меѓу 0.9-литарскиот TCe бензинец со 90 коњски сили и 5-степен мануелен менувач или 1.2-литарскиот TCe со 120 коњски сили и 6-степен автоматски менувач со двојна спојка. Доколку сакаат дизел мотор, во понудата е 1.5-литарскиот dCi со 90 коњски сили кој ќе се нуди со мануелен или автоматски менувач.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.