full screen background image
Search

Мак Аутостар го прослави 20-тиот роденден – Посветени како никој друг!

Гламур и сјај на забавата организирана на оригинален начин, каде многуте гости го прославија 20-годишниот јубилеј на компанијата Мак Аутостар, генералнот застапник на Mercedes-Benz и Mitsubishi Motors во Македонија.

„Навистина е убаво чувството да се биде сведок на две децении развој и одржување на врвот на една компанија како што е Мак Аутоастар, една меѓу првите автомобилски компании од осамостојувањето на Македонија. Под мотото – Посветени како никој друг – прославуваме 20 годишен јубилеј, за што сведочат 20 години успешна приказна, која продолжува и денес, да го дадеме најдобро на сите оние кои го очекуваат најдоброто. Би сакал да изразам голема благодарност од името на Мак Аутостар до сите наши верни клиенти, пријатели и соработници, со чија помош успеавме да го постигнеме сето тоа“, изјави генералниот директор на Мак Аутостар, Зоран Марковски.

rodenden-mak-autostar-torta

Освен пријателите на Мак Аутостар, како и познати личности од јавниот живот, специјално за прославата допатуваа и главниот директор за продажба и маркетинг на Mercedes-Benz патнички возила за Централна и Источна Европа. Азија и Африка, г-нот Јоханес Фриц, потоа Главниот Извршен директор на Mitsubishi Motors за Европа, г-нот Томохиса Нишина, како и сопственикот на Мак Аутостар и еден од сопствениците на групација Betz, г-нот Tомас Бец.

rodenden-mak-autostar-tancerki

На настанот гостите имаа прилика да уживаат во музиката на 20 члениот оркестар на Македонската Радио Телевизија БИГ БЕНД, заедно со Џон Илија Апелгрен, а на сосема уникатен, мултимедијален начин беше одбележан и моментот на прославувањето на 20 годишниот јубилеј на компанијата со познатиот танчер Илија Карадаковски.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG GT Black Series - 730 коњски сили за најмоќниот V8 од AMG!

Забавата имаше и своја „ѕвезда на вечерта“. Мак Аутостар повторно меѓу првите земји во светот, успеа премиерно да го покаже моментно најпосакуваниот светски автомобил, Mercedes-Benz S-Coupe.

rodenden-mak-autostar-s-coupe

Прославувањето траеше до доцните ноќни часови, кога и „журката“ се расжести, со добро познатата Тамара Тодевска, како и Кубанскиот Кристал бенд. Ноќ за помнење и желби за уште многу нови јубилеи. Ние им посакуваме уште многу родендени,  успеси и уште многу причини за славење!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.