Peugeot најавува втора верзија на Exalt за саемот во Париз! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot најавува втора верзија на Exalt за саемот во Париз!

Французите секогаш мораат да претстават нешто спектакуларно во Париз – сепак се на „домашен терен“. Peugeot подготвува втора верзија на одличниот Exalt концепт токму за Парискиот саем на автомобили!

Купето со четири врати на Peugeot го имаше своето деби на автомобилскиот саем во Пекинг, но ќе добие освежен изглед за „домашниот“ саем на Peugeot – поточно, задниот дел ќе биде поинаку изведен и претставен во потемна боја во однос на остатокот од автомобилот.

Peugeot го нарекува материјалот Shark Skin, а се работи за текстил со техничка изведба кој ја подобрува аеродинамиката на автомобилот и со тоа ја намалува потрошувачката. Материјалот придонесува кон аеродинамиката на автомобилот во соработка со други детали, како што е извлекувачот за воздух поставен во задниот браник, закривениот кров и профилираните странични ретровизори.

Во внатрешноста се користи Newspaper Wood – материјал изработен од рециклирани весници. Дополнително, Peugeot најавува и несекојдневен механизам на задната врата преку кој ќе се олесни пристапот до HYbrid-kick – преклоплив електричен скутер кој се чува под подот на багажникот.

Уште еден интересен детал е системот за третман на воздухот кој Peugeot го нарекува Pure Blue – овој систем исфрла смеса против бактерии и габи во ентериерот додека автомобилот е празен. Кога автомобилот е во движење, активен филтер го чисти воздухот пред тој да влезе во кабината и елиминира ситни честички. Exalt го користи истиот Hybrid4 погон кој комбинира 270-коњски, 1.6-литарски THP турбо-бензинец со електричен мотор од 50 киловати за вкупна системска моќност од 340 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.