full screen background image
Search

Светско а наше – Fiat Abarth 1000 TCR Replica!

Неизмерно сме горди кога можеме да покажеме некој Македонски проект – а денес ќе ви го претставиме одличното Fiat Abarth 1000 TCR на Благоја Петровски!

Ова е навистина ретка привилегија – имавме можност да поминеме малку време со вистински редок автомобил – репликата која Благоја Петровски ја има изработено е навистина за почит. Малиот Fiat Abarth 1000 TCR е вистински шармер и ги привлекува погледите на сите случајни минувачи. Посветено е многу внимание на деталите, а звукот кој доаѓа од издувниот систем на ова малечко ѕверче едноставно не може да се спореди со ништо друго!

fiat-abarth-1000-tcr-rear-carclub

Наскоро ќе објавиме и галерија од процесот на правење на овој мал несекојдневен автомобил. Сега за сега, уживајте во овие фотографии и краткото видео. Ние само можеме да кажеме дека  навистина се радуваме кога ќе видиме нешто вакво на нашите улици!

Фотографија: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.