full screen background image
Search

Aston Martin го најавува новиот Lagonda седан, ќе се продава само на Средниот Исток

Aston Martin најави ексклузивен супер-седан кој ќе се вика Lagonda, но за жал ќе се нуди само на Средниот Исток, како резултат на специфичните барања на тамошниот пазар.

Како што и можеме да очекуваме, ексклузивниот и скап супер-седан ќе се прави рачно во фабриката на Aston Martin во Gaydon, во Обединетото Кралство. Во иститот објект се произведуваше и ексклузивниот One-77 супер-автомобил. Автомобилот е базиран врз VH архитектурата на брендот и користи карбонски влакна за изработка на надворешните панели, а од она што можеме да го забележиме од единствената објавена фотографија е дека влече инспирација од легендарниот Lagonda седан од 70-тите години на минатиот век.

According to the automaker, “the stunning luxury super saloon revives the Lagonda ethos of ‘the finest of fast cars’ and will be offered exclusively in the Middle East, as a result of specific market demand.”

Според Marek Reichman, директорот за дизајн на Aston Martin, дебито на овој луксузен супер-седан на средниот исток ќе биде возбудлив момент не само за Aston Martin, туку и за купувачите кои го бараат ултимативното кога станува збор за луксуз и персонализација. Со други зборови, очекувајте примероци направени по желба на купувачи без трошка вкус, туку само навистина длабоки џебови.

Сега за сега не се спомнува ништо околу моторот кој ќе се вградува во автомобилот, но очекуваме V12 мотор бидејќи тој навистина би прилегал на карактерот на вакво несекојдневно возило. Не знаеме ништо ниту за цената – но да бидеме реални, таа сигурно нема да биде ниска.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.