full screen background image
Search

Mercedes-Benz A45 AMG by VÄTH – Џебна ракета со 425 коњски сили!

Очигледно „најмоќниот 2-литарски турбо-бензинец во светот“ не е доволен за некои – тјунерите од VÄTH Automobiltechnik извадија 425 коњски сили од A45 AMG!

Германците од VATH специјализираат во модифицирање на моделите со трокрака ѕвезда, а нивниот најнов продукт е токму A45 AMG by Vath. Благодарение на преработениот софтвер, уникатниот издувен систем и мало „милување“ на моторот, моќта скокна од 360 на 425 коњски сили, а вртежниот момент е покачен на импресивни 515 Nm. Купувачите ќе добијат и целосно прилагодлива суспензија, како и големи 20-инчни VATH тркала. Додаден е и карбонскиот заден спојлер кој е всушност дел од фабричката понуда на Mercedes-Benz, за целосно да се комплетира сликата.

a45-amg-vath-rear

Вистинска градска ракета, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.