full screen background image
Search

Новата Mazda MX-5 ќе дебитира на 4-ти Септември!

Mazda официјално ја закажа премиерата на новата генерација на роудстерот MX-5. Премиерата ќе се случува истовремено во Јапонија, Европа и Соединетите Американски Држави на 4-ти Септември оваа година!

Јапонскиот производител љубоморно ги крие деталите околу новиот роудстер кој ќе влезе во својата четврта генерација. Mazda MX-5 е своевиден феномен и автомобил кој има култно следење меѓу автомобилските ентузијасти. Она што го знаеме е дека новата MX-5 ќе биде најмалку 100 килограми полесна од претходниот модел, но истовремено ќе нуди и повеќе сила благодарение на одличните Skyactiv-G мотори на Mazda.

Според Mazda, благодарение на новата SKYACTIV-CHASSIS платформа, новата MX-5 покрај намалената тежина, ќе биде и со пониско тежиште и со зголемена цврстина – подобрување што е значајно за безбедноста на автомобилот. Mazda веќе најави соработка со Alfa Romeo – платформата на MX-5 ќе ја употреби и италијанскиот производител за следната генерација Alfa Romeo Spider.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.