full screen background image
Search

Утринска гимнастика: Приказната и инспирацијата позади Jaguar F-Type Project 7!

Минатата седмица Jaguar го претстави еден од најубавите автомобили кои во моментов се на продажба – а утринава можеме да ви прикажеме малку повеќе околу тоа од каде е влечена инспирацијата за F-Type Project 7!

Jaguar F-Type Project 7 е инспириран од D-Type – автомобил кој освои три победи на легендарниот Le Mans. Со цел да го направат F-Type поспецијален и поуникатен, моторот е дополнително доработен да генерира 575 коњски сили и 680 Nm вртежен момент, благодарение на кои овој несекојдневен автомобил постигнува 100 километри на час за 3.9 секунди и има електронски ограничена максимална брзина од 300 километри на час.

Нашите пријатели од XCAR имаа можност да позборуваат со Ian Callum и John Edwards од Jaguar за време на Goodwood Фестивалот на Брзината. Ian Callum е одговорен за дизајн, додека John Edwards ја предводи Special Vehicles Operations дивизијата на Jaguar Land Rover. Погледнете што тие имаа да кажат за оваа екстремна интерпретација на Jaguar XF!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.