full screen background image
Search

Citroën ги објави првите фотографии од ентериерот на DS 6WR!

Кога Citroën го претстави премиум SUV моделот DS 6WR во Пекинг, не ни покажа како ќе изгледа неговиот ентериер. Денес објавија први официјални фотографии од овој премиум SUV на DS гамата.

Она што можеме да го забележиме е дека кабината нуди двобоен луксузен ентериер со алуминиумски детали на вратите, на централната конзола и на управувачот. Се забележува и црвено LED осветлување во вратите. Седиштата изгледаат комфорно, можеме да забележиме и голем LCD дисплеј, како и контролите за системот за управување со подвозјето.

Според она што го знаеме, DS 6WR ќе се нуди со два бензински мотори – со 160 или 200 коњски сили, автоматски менувач и погон само на предните тркала. Нема информации за тоа кога DS 6WR ќе се појави во Европа, но ние би го очекувале да се појави кај нас и да се нуди и со дизел мотори.

ds-6wr-interior2

Според Yves Bonnefont, претседателот на DS брендот на Citroen, со лансирањето на DS 6WR во Кина оваа есен, брендот ќе нуди три локално-произведени модели, што е одличен подвиг постигнат за само една година. Дополнително, Bonnefont изјави дека амбициите на DS се да стане глобален премиум бренд, а успехот кој го постигнаа за само две години во Кина, најголемиот пазар за автомобили во светот, само ги охрабрува да продолжат со нивната офанзива.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.