full screen background image
Search

Dodge Challenger SRT Hellcat – Пеколен супер-мускулест автомобил со 707 коњски сили!

Спортската SRT дивизија на Dodge објави дека новиот Challenger SRT Hellcat ќе биде најмоќниот модел на Dodge во неговата историја – и ќе нуди 707 коњски сили!

Неодамна од SRT изјавија дека компресорскиот 6.2-литарски V8 мотор ќе нуди повеќе од 600 коњски сили, но конечната бројка е импресивни 707 коњски сили и 880 Nm вртежен момент! Од Dodge не објавуваат понатамошни детали околу перформансите, но знаеме дека силата ќе се пренесува кон задните тркала преку 8-степен автоматски менувач. Интересен детал е тоа дека Challenger SRT Hellcat ќе се нуди со два клуча – еден во црвена боја со која ќе бидат достапни сите 707 коњски сили, но и уште еден – црн – со кој ќе бидат достапни „само“ 500 коњски сили.

Повеќе детали околу Challenger SRT Hellcat ќе имаме наскоро, а продажбата се очекува да започне до крајот на оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.