full screen background image
Search

Škoda го подготви екстремниот Yeti Extreme за овогодинешниот Wörthersee!

Чешкиот производител реши да подготви уникатна верзија на популарниот Yeti за овогодинешниот Wörthersee Treffen!

Skoda го опишува Yeti Extreme како „компактен SUV со амбиции на рели возило.“ Yeti Extreme може да се пофали со мускулест бодикит со широки отвори за воздух, проширени крила и мат сива боја, но и шасија која може да се нагодува по висина. Има два хексагонални краеви на издувниот систем и дополнителна заштита под автомобилот за да го заштити од грубите терени.

skoda-yeti-extreme-rear

Под поклопецот се крие 4-цилиндерскиот 1.8 TSI со 150 коњски сили и 250 Nm вртежен момент. „Стотка“ пристигнува за 9 секунди а максималната брзина е 192 километри на час. Можеби има амбиции на рели возило, но сигурно нема такви перформанси.

skoda-yeti-extreme-interior

Понатаму, Yeti Extreme носи и кочници од Octavia RS, затемнети прозорци, 17-инчни тркала обвиени во соодветни теренски гуми и LED предни светла. Во внатрешноста има четири посебни Recaro седишта со спортски сигурносни појаси, карбонски обложувања на вратите и уште  некои ситници. Интересен концепт кој доколку биде опремен со помоќен мотор, сигурно би бил интересен и како сериски производ.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.