full screen background image
Search

Lamborghini донираше Huracan LP610-4 на италијанската полиција!

Италијанскиот производител веќе традиционално подарува по еден примерок од своите автомобили на Италијанската полиција – токму како што направи сега со новиот Huracan LP 610-4 Polizia!

Новиот автомобил ќе ги замени неколкуте примероци на Lamborghini Gallardo кои италијанската полиција ги користи веќе неколку години. Возилото го предаде Stephan Winkelmann, претседателот на Automobili Lamborghini, а го презема шефот на италијанската државна полиција – Префектот Alessandro Pansa во соодветна церемонија во Римскиот Музеј на Историски Возила на Италијанската Државна Полиција, односно „Museo delle Auto Storiche della Polizia di Stato“.

lamborghini-huracan-polizia-rear

Неколку среќни полицајци од италијанската полиција кон крајот на оваа година ќе почнат да патролираат по италијанските патишта со овој прекрасен супер-автомобил кој нуди 610 коњски сили, забрзува до 100 километри на час за 3.2 секунди и има максимална брзина од 325 километри на час. Одлично патролно возило, нели?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.