full screen background image
Search

Промовирана караванската верзија на Mercedes-Benz C-Class!

Германците од Mercedes-Benz пред само неколку минути официјално ја претставија караванската изведба на C-Class!

Новиот караван ги следи истите дизајнерски насоки како и седанот, но повлекува детали и од своите поголеми браќа во форма на хоризонтални задни светла споени со хромирана прачка. Како што и очекувавме – караванската верзија е наменета за оние кои сакаат да пренесат повеќе товар, а тоа ќе можат да го направат благодарение на вкупно 1510-те литри багажен простор со спуштени задни седишта. Со исправени задни седишта багажниот простор е сличен како кај седанот – односно 490 литри.

Mercedes-Benz C 250 BlueTEC, T-Modell  (S 205) 2014

Интересен детал е можноста за двоење на задните седишта во размер 40:20:40 наместо традиционалните 60:40. Со ова се зголемува практичноста на задните седишта. Секако, задната врата може да биде и електрично придвижувана, а може да се добие и Hands-Freе Access систем кој дозволува отворање и затворање на задната врата без воопшто таа да биде допрена.

Како и кај седанот, и кај караванот ќе се нудат бензински и дизел мотори – дизелите ќе бидат со моќност од 115 до 204 коњски сили, но ќе се нуди и хибриден дизел кој ќе ја носи ознаката C300 BlueTec Hybrid кој ќе нуди комбинација од 204-коњски турбодизел и 27-коњски електричен мотор. Оваа варијанта ќе троши само 3.8 литри на 100 километри. За оние кои сакаат бензинец – тука се бензинските мотори кои нудат помеѓу 156 коњски сили и 333 коњски сили. Понатаму се очекува и C350 Hybrid хибридниот бензинец.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.