Утринска Гимнастика: Рекреација на легендарната бркотница од Bullitt на Silverstone! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Рекреација на легендарната бркотница од Bullitt на Silverstone!

Не постои вљубеник во автомобилите што не ја знае напамет легендарната бркотница од филмот Bullitt – каде Ford Mustang и Dodge Charger си ги мерат силите по улиците на Сан Франциско. Британците сега направија рекреација на таа сцена, но овој пат на легендарната Silverstone тркачка патека!

Во филмот Bullit, Mustang Fastback од 1967-мата година и Dodge Charger од истиот период се бркаат по улиците на San Francisco. Како дел од настаните кои се случуваат за да се прослави 50-тиот роденден на Mustang, Британците решија да ја рекреираат оваа легендарна бркотница како дел од Silverstone Classic настанот.

Уживајте во видеото, а за уживањето да биде целосно, ви ја нудиме и оригиналната сцена – па ќе можете да споредите!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.