full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Тајниот V8 прототип на Porsche!

Кон крајот на 80-тите години, Porsche планираше наследник на легендарниот 959, а концептот кој носеше V8 мотор од Audi беше еден од првите чекори кон тој автомобил!

Музејот на Porsche реши да ни дозволи да погледнеме малку зад кулисите, и да го видиме одблизу овој интересен и редок примерок. Сепак, проектот за наследник на 959 бил откажан во 1988-мата година па автомобилот никогаш не ја дочекал светлината на денот. Иако концептот носел V8 мотор од Audi, доколку се одлучело да оди во сериско производство за него ќе беше развиен уникатен мотор од страна на Porsche.

Dieter Landenberger, Шефот на Архивата на Порше Музејот изјави дека „мислам дека никој сериозно не размислуваше да започне сериско производство со V8 мотор на Audi, туку само тестиравме дали таков концепт би имал иднина. За среќа тие продолжија да ги прават боксерските шест-цилиндрични мотори и мислам дека тие се срцето на сите 911-ки и тоа беше дефинитивно добра одлука.“



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.