full screen background image
Search

Секогаш има поскапо – Rolls Royce Drophead Waterspeed Collection Edition!

Постојат автомобили за богатите, и постојат автомобили кои сакаат да бидат забележани насекаде со своите пари – а токму таков автомобил е Rolls Royce Drophead Waterspeed.

Креирани во чест на обидот на Sir Malcolm Campbell да постави брзински рекорд на вода во далечната 1937-ма година во Комо, Италија, Rolls Royce ја најави Waterspeed колекцијата за моделот Drophead. Моделот не би бил уникатен доколку нема неколку „ексклузивно креирани детали на дизајн и инженеринг, перфектно егзекутирани да создадат целосно современ акт во чест на славната работа на Cambell.“

Моделот ќе се нуди само во една боја – токму оваа прекрасна сина боја која ја гледаме на фотографиите и која се вика Maggiore Blue – претпоставуваме дека името го има добиено по езерото Maggiore кое се наоѓа меѓу Италија и Швајцарија, а самата боја е инспирирана од бојата која ја носел рекордерскиот брод на Campbell во 1937-мата година.

Ние сонуваме дека еден ден ќе седнеме зад воланот на било кој Rolls-Royce и им завидуваме на оние кои ја имале таа можност. Нам ни останува само да ги погледнеме фотографиите и да замислуваме за подобра иднина.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.