full screen background image
Search

Вашиот S63 AMG не е доволно уникатен? Тука е AMG Performance Studio да ви помогне!

Доколку сте доволно богат да си дозволите Mercedes-Benz S63 AMG Coupe, сигурно можете да потрошите уште малку пари за да го персонализирате според вашиот вкус!

За S63 AMG Coupe нема потреба многу да зборуваме – знаеме дека се работи за вистински монструм од автомобил кој има 585 коњски сили и 900 Nm вртежен момент – благодарение на кои автомобилот забрзува до 100 километри на час за 3.9 секунди (ако изберете 4Matic модел) и ќе продолжи да забрзува сè до 250 километри на час, каде што ќе наиде на електронски ѕид кој го зауздува беснотилакот.

mercedes-amg-performance-rear

Она што AMG Performance Studio ќе ви го понуди е дополнителна персонализација на вашето плутократско купе – почнувајќи со големите, 20-инчни ковани тркала кои доаѓаат во три различни варијанти. Тука е и AMG Carbon Fiber пакетот кој ќе ви донесе преден сплитер, странични ретровизори и странични прагови изработени од овој скап и лесен материјал. Night пакетот нуди неколку детали од надворешноста обоени во сјајно-црна боја, како и задните завршетоци на издувниот систем кои се обоени во црна боја.

mercedes-amg-performance-interior

За оние кои навистина сакаат да потрошат пари, тука е и капакот на моторот изработен од карбон, керамичките кочници со високи перформанси кои ја намалуваат тежината на системот за кочење за 22%, AMG Performance управувач обложен во поексклузивна (имало и таква?) кожа, како и странични заштитни прагови со светлечки AMG знаци на нив. Целата слика ја заокружува и AMG Drivers пакетот кој ја подига максималната брзина на 300 километри на час – но само откако возачот ќе помине соодветна обука на AMG Driver Academy.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.