full screen background image
Search

Megane R.S. 275 Trophy – Renault повторно се стреми кон врвот!

Традицијата на ексклузивни спортски модели на Renault продолжува со Megane RS 275 Trophy – лимитирана серија на спортскиот модел која нуди – погодувате – 275 коњски сили!

Основата за RS 275 е одличната Cup шасија во која е вграден 2-литарскиот RS турбо-бензинец кој испорачува 275 коњски сили. Специјалната верзија на Megane е изработена во соработка со Akrapovic, од каде е добиен новиот издувен систем, Ohlins, од каде се земени амортизерите и Michelin кој ги испорачува спортските гуми. По неодамнешниот фејслифт, најспортската верзија на Megane ќе добие значителна техничка надоградба, но и уникатен изглед – Cup шасијата со диференцијал со ограничено пролизгување се стандардни на Megane RS 275 Trophy!

За да можете повеќе да уживате во вашиот Megane RS, инженерите на Renault Sport поработеа на моторот и извадија дополнителни 10 коњски сили, и вкупно 275 коњски сили се достапни на 5500 вртежи. Истовремено, максималниот вртежен момент од 360 Nm е достапен од 3000 до 5000 вртежи во минута. Потрошувачката според NEDC изнесува 7.5 литри на 100 изминати километри (но знаеме дека тоа е далеку од реалноста) а емисијата на штетни гасови изнесува 174 грама CO2 на изминат километар.

Renault сега за сега не ги објавува перформансите на новиот Megane RS 275 Trophy, но најавуваат дека ќе се обидат да постават нов рекорд на Nurburgring и најавуваат дека ќе објават повеќе информации на 16-ти Јуни. Ние со нетрпение ги очекуваме!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.