Се чувствувате налудничаво? Тука е Ariel Atom 3.5R со 350 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Се чувствувате налудничаво? Тука е Ariel Atom 3.5R со 350 коњски сили!

Еден од оние автомобили за кои сите сонуваме и за кои со ентузијазам зборуваме е токму Ariel Atom – а новиот 3.5R нуди дури 350 коњски сили благодарение на мотор од Honda Civic Type R кој е подпомогнат од компресор!

Перформансите се импресивни – и конкурентни на најбрзите суперавтомобили! „Стотка“ пристигнува за само 2.5 секунди, а за 6 секунди веќе возите повеќе од 160 километри на час. Ултра-лесниот супер-спортски автомобил е придвижуван од 2-литарски мотор од Honda Civic Type R кој во соработка со компресор развива импресивни 350 коњски сили на високи 8400 вртежи во минута! Тоа се перформанси кои ќе ги загрижат и сопствениците на LaFerrari!

Ariel Atom 3.5R тежи само 550 килограми, но доаѓа и со диференцијал со органичено пролизгување, секвенционален менувач кој менува брзини за само 40 милисекунди, како и Ohlins амортизација која сопственикот може да ја нагодува по желба.

Во меѓувреме, додека го чекате вашиот Atom, потсетете се на тоа што имаше Jeremy Clarkson од Top Gear да каже за еден од најлудите автомобили на нашата планета.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.