full screen background image
Search

Toyota подготвува освежување за малиот Yaris!

Јапонскиот магнат подготвува освежување за малиот Yaris, кој покрај затегнатиот екстериер и подобрениот ентериер, ќе добие и дотерано подвозје, како и освежени мотори.

Предниот дел на Yaris добива нов лик кој малку наликува на забележливиот и помалку контраверзен дизајн на новото Aygo. Задниот дел добива дискретно изменени светлосни структури, но главните промени се во ентериерот, за кој Toyota изјавува дека ќе биде изработен со поквалитетни материјали. Подобрувањата во кабината се највеќе заради информациите добиени од  постоечките сопственици и ќе се концентрираат во насока на просторноста, динамизмот, опипливиот квалитет, избор на бои како и опремата која ќе се нуди.

Интересно е дека Yaris ќе добие и малку изменето подвозје, со цел да стане малку поинтересен и позабавен за возење, но и заради зголемување на комфорот и намалување на бучавоста. Ќе се нудат добро познатите 1-литарски и 1.3-литарски бензинци, како и 1.4-литарскиот D4-D дизел мотор. Бензинците најверојатно ќе бидат најновите мотори кои Toyota ги најави, кои би требало да бидат до 30% поекономични во однос на претходниците.

За домашниот – Јапонски – пазар Toyota подготви и спортска верзија на Vitz (името кое Yaris го носи во Јапонија) кој ќе има спортски браници и мноштво спортски детали. Оваа верзија најверојатно нема да ја добиеме на Европскиот пазар.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.