Вечерно Кино: Фудбал против Gymkhana! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно Кино: Фудбал против Gymkhana!

Кен Блок и Нејмар Џуниор ги спротивставија вештините за да создадат видео со имресивни акробации, подеднакво атрактивни за фановите на автомобилизмот и фудбалот.

Покрај тоа што досега видовме најразлични лудории кои Кен Блок ги прави позади воланот на својата Ford Fiesta ST RX43, тој секогаш успева да не изненади со нови оргинални атракции. Во најновото видео, кое по малку изгледа како промоција на Светското првенство за фудбал во Бразил, тој шутира и брани пенали од еден од моментално најпознатите фудбалери Нејмар Џуниор.

Веруваме дека видеово ќе им пружи двојно задоволство на фановите на спортот и моторспортот, уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.