full screen background image
Search

Audi RS7 Dynamic Edition – За оние кои го сакаат најдоброто!

На автомобилскиот саем во Њу Јорк Audi го претстави најекстремното издание на супер-спортскиот RS7 – кое ќе го носи името Dynamic Edition и ќе чини скоро 150.000 долари!

Целта на овој автомобил е да ги прикаже можностите за персонализација кои Audi ги нуди – па соодветно на тоа автомобилот има многу ситници од карбонски влакна, вклучувајќи го предниот сплитер, задниот дифузер, капакот на моторот и уште некои ситни детали. Додаден е и спортски издувен систем, но и големи, 21-инчни фелни. Ентериерот е дополнително дотеран со црни кожни седишта, детали од карбонски влакна, црвени сигурносни појаси но и црвени опшивки. Секако, тука е и мноштвото опрема која е вклучена, а автомобилот ќе доаѓа опремен и со DRC систем за управување на суспензијата кој е поврзан со сите други системи за контрола на динамиката кои RS7 ги има.

Како и „обичниот“ RS7, и специјалната едиција својата сила ќе ја добива од 4-литарскиот твин-турбо V8 бензински мотор кој испорачува 560 коњски сили, благодарение на кои 100 километри на час пристигнуваат за само 3.7 секунди. Продажбата ќе започне ова лето, а цената на еден примерок во САД ќе биде 146.045 долари, односно малку повеќе од 105.000 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.