Peugeot 408 официјално претставен во Кина! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 408 официјално претставен во Кина!

Peugeot подготвува уште една изведба на хечбекот 308 – а тоа е изведбата во форма на седан која ќе го носи името 408.

Моделот најверојатно ќе биде на истата платформа на која е поставен и 308, но со малку продолжено меѓуоскино растојание. Автомобилот ќе се нуди на многу светски пазари покрај Кинескиот – а тука ги вклучуваме и Јужна Америка и Русија. Сега за сега сè уште нема официјална потврда дали и кога ќе се појави моделот на Европскиот пазар, но со оглед на популарноста на компактните седани на нашиот континент, воопшто не би се изненадиле доколку Peugeot реши да го понуди и кај нас.

peugeot-408-front

За Кинескиот пазар најавени се бензински мотори – 1.6-литарски турбо-бензинец со 167 коњски сили, но и 1.8-литарски атмосферец со 139 коњски сили. Доколку Peugeot сепак реши да го понуди 408 во Европа, под поклопецот ќе се најдат помодерните и почисти бензински и дизел мотори на Францускиот производител.

peugeot-408-front-side

peugeot-408-rear



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.