Утринска Гимнастика: Транспарентната хауба на Land Rover Discovery Vision Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Транспарентната хауба на Land Rover Discovery Vision Concept

На саемот за автомобили во Њу Јорк, Land Rover ќе го претстави концептот Discovery Vision, кој ќе ја предвиди наредната генерација од теренецот Discovery и ќе дебитира технологии кои ќе се користат кај претстојните модели.

Една од овие технологии е наречена TRANSPARENT BONNET – систем кој користи камери монтирани на долната решетка и дисплеј кој ја прикажува сликата на долниот дел од ветробранското стакло – токму каде што се гледа поклопецот од моторот. Ова дава илузија дека возачот гледа низ хаубата, директно во подлогата врз која поминува со возилото.

Land-Rover-Discovery-Vision-Transparent-Bonnet-1[3]

Технологијата овозможува подобро маневрирање со автомобилот при искачување нагорнини и позиционирање на предните тркала при возење низ секаков терен. Според Land Rover, овој систем ќе ја подигне теренската способност на нивните модели на ниво над конкуренцијата.

Демонстрацијата на технологијата на Транспарентна хауба можете на ја видите на видеото подоле:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.